Уште колку лекapи изeдoa ќотek откако Филипче пpoтecтираше рамо до рамо со нив пpoтив нacилcтвото врз бeлитe мaнтили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во септември 2019та, откако во Скопје, Тетово, Кавадарци и во други болници се случија физички напади кон неколку лекари, докторите излегоа на протест, а на протестот учествуваше и Филипче кој вети закон за лекарска дејност, законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз службено лице, полициско обезбедување на сите болници.

До денес само едно нешто се случи, за жал, продолжуваат нападите кон лекарите. Вчера вечер на токсикологија се случи напад врз лекар со физичко повреди на Клиниката за токсикологија, а ниту едно од ветувањата на Филипче кон лекарите не се оствари. “!

Денеска е приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на педијатрија.

„С.И. го нападнал лекарот, кој завршил со расекотини и хематом, откако лекарот му рекол дека неговото малолетно дете, со кое таткото бил на Клиниката за токсикологија, треба да се однесе на педијатрија“, информираат од МВР.

Сепак ниту вчерашниот напаѓач нема да одговара како за напад врз службено лице бидејќи ветувањето на Филипче за Закон за лекарска дејност не се оствари.

Прашањето е ѕште колку лекари треба да „изедат ќотек“ за Филипче да направи нешто?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This