Уште ли ќе негираат: Захариева му го претстави акцискиот план на Бучковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, пишува БГНЕС.

Планот го предаде вицепремиерката Екатерина Захариева на специјалниот претставник на Владата на Република Македонија Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија.

Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Министерството за надворешни работи исто така соопшти дека за време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји и направен е преглед на спроведувањето на голем број практични обврски, за што бугарската страна констатира дека има забавување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This