УШТЕ НЕ ПАДНАЛ МУАБЕТ: Бучковски негира дека ќе бил амбасадор, ама го имало на листа на МНР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Владо Бучковски негира дека ќе биде амбасадор во САД. Тој за „Плусинфо“ изјавил за ова досега не разговарал ни со премиерот Зоран Заев, ни со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров, не сум разговарал на оваа тема – вели Бучковски.

„Магазин“ објави дека според неформален список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД.

Од Министерството за надворешни работи за „Магазин“ ниту ја потврдиле, ниту ја демантирале веста.

– Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре – вели портпаролката на МНР Елена Пресилска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This