April 26, 2024, 11:30 am

УШТЕ СЕ ГРАДАТ ФАБРИКИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Во првите пет месеци од оваа година донесовме седум инвестиции со над 4.400 работни места, резултатот на владата на СДС е нула инвестиции, нула работни места!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа година и покрај тешката политичка криза имавме добар старт со седум странски инвестиции кои треба да отворат над 4.400 нови работни места. Само во првите пет месеци започнаа со градба седум нови компании кои ќе вработат 4.400 лица, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Започна со работа новата фабрика Лутекс, германска инвестици за производство на индистриски и технички текстил, планот беше до крајот на годината да вработат 100 лица, со конечен план да се вработат вкупно 1.000 од Велес и околината. Втората почна во Скопје, со работа започна компанија од САД која во Македонија ќе дејствува како Њујорк-Скопје холдинг, а ќе се занимава со огледување и производство на канабис за медицински цели. Планот е конечно да вработат 200 лица. Ваков вид фабрики ќе има уште бидејќи процедурата за дозвола ја започнаа уште најмалку 5 фабрики откако донесовме закон и овозможивме и регулиравме ваков вид производство. Германската компанија „Franz Kiel GmbH“ која ќе произведува седишта за автобуската и железничката индустрија објави дека ќе инвестира во Македонија, и тоа во Желино при што треба да вработи 250 луѓе.Оваа компанија треба да е добавувач на белгиската компанија која веќе инвестираше во Македонија и произведува автобуси Ван Хул. Во моментот почната е набавка на опремата, посочи Груевски.

Четвртата компанија е турската Чагатај Кабло за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили како добавувач за Ван хул со што ќе се обезбедат 200 вработувања. Оваа инвестиција беше најавена уште декември минатата година, а градежните работи започнаа ова лето.

Груевски истакна дека се објави дека е донесена одлука за инвестирање и е купена опрема за отворање на нова фабрика во сегментот на медицинската индустрија лоцирана меѓу Крушево и Кривогаштани, од американска компанија. Оваа фабрика веќе објави оглас за вработувања и планира да стигне до 300 вработувања.

Во Струмица пак, започна со работа компанијата од автомобилската индустрија Адиент, или поранешен Џонсон Контролс кој ќе вработи најмалку 1.500 лица, а веќе досега има вработено над 800 луѓе.

Започна и градбата на фабриката на Вик од Германија во зоната во Прилеп за производство на апарати за кујна, компанија на која како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНе, работеле цели две години и која ќе вработи 1000 невработени.

-Над три месеци државата ја води владата на СДС. Резултатот на нови странски инвестиции е нула, како и бројот на новоотворени работни места кои се резултат на ваквите инвестиции, вели Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This