УШТЕ СЕ СЕЌАВААТ СКОПЈАНИ НА ХАОСОТ КОЈ ГО ДОНЕСЕ СДС: СДС ги разграбија Топлификација, Скопски пазар, Градски аптеки- сега лажат дека ќе донеле иднина во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветувањата на СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов дека ќе донеле иднина во Скопје е само уште еден предизборен трик на социјалдемократите, бидејќи ако се погледнат нивните постапки низ годините, ќе се види дека токму оваа партија ја уништи локалната самоуправа во Скопје и јавните претпријатија.

Со серија штетни одлуки во минатото, СДСМ буквално го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД „Топлификација“, гробиштата во Скопје, зелените пазари во Скопје, градските аптеки.

Речиси сите јавни претпријатија во Скопје СДСМ ги доведе до просјачки стап, со десетици милиони евра долг, блокирани сметки и механизација стара повеќе од 30 години. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека СДСМ е заслужен и за пропаѓањето на ЈСП „Скопје“, кое имаше возен парк на автобуси стари по минимум 25 години.

СДСМ ја разграби Топлифиакција и придонесе за загадување на воздухот

СДСМ е партијата која го започна и спроведе процесот на приватизација на скопска Топлификација, со што се нанесоа сериозни штети на интересите на граѓаните на Скопје.

Токму приватизацијата на Топлификација е почетокот на масовното исклучување на жителите на Скопје од овој систем и префрлање на други форми на загревање на нивните домови, многу од нив кои се многу нееколошки и директно виновни за високата загаденост на воздухот.

-СДСМ ја продадоа Топлификација во деведестетите години. До денеска од мрежата се имаат исклучено 12.500 домаќинства. Тоа се домаќинства кои наместо на оваа мрежа за загревање, изминативе години се греат на други начини, дрва, јаглен, мазут… Дополнително, напуштањето на овие домаќинства од системот на Топлификација придонесе за поскапување на цената на парно греењето во Скопје, а со тоа во континуитет се стимулираат граѓаните да го исклучуваат парното и да ги загреваат своите домови со овие понееколошки методи. Второ, СДСМ со продажбата на Топлификација, придонесе да не се зголеми топловодната мрежа во Скопје, да не се зголемува бројот на корисници кое ќе имаше двоен бенефит: пониска цена на парното и помало загадување на воздухот во Скопје. Погледнете ги сметките на греење, вели скопскиот градоначалник и кандидат за нов мандат, Коце Трајановски.

СДСМ го приватизираше и „Скопски пазар“

СДСМ уништуваше и мафијашки приватизираше фирми во минатото, истиот план за раскрчмување и распродажба на јавните претпријатија го имаат и сега во изборните програми на нивните градоначалници и без ни малку срам го најавуваат како нивни големи проекти, истакна Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС во минатото успеа да ги да ги приватизира и да ги продаде сите профитабилни градски и општински претпријатија и истите да станат сопственост на мал број криминално–бизнис кланови блиски токму до СДСМ. На ваков ист криминален начин беше приватизирано и тогашното Јавното претпријатие „Скопски пазар”,едно од најпрофитабилните претпријатија во град Скопје.

Скандалозната приватизација и менувањето на сопственичката структура на „Скопски пазар” од страна на владејачката гарнитура на СДСМ лијаеше на цените на закупот на тезгите, кои драстично пораснаа веднаш откако оваа претпријатие беше приватизирано.
-„Скопски пазар” од услужно претпријатие кое беше во надлежност на град Скопје и претпријатие кое требаше да се грижи за хигиената и обезбедување соодветни услови на пазарите и пазарџиите, со менување на сопственичката структура, прерасна во монопол. „Скопски пазар” стана компанија каде пазарџиите за закуп на тезгите плаќаат неверојатни високи цени на закупнина од 10-тина евра од квадрат и каде една тезга чини од 100 до 150 евра месечно. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ги поскапеа и цените на овошјето и зеленчукот кои скопјани треба да ги купат. Пресметките велат дека оваа фирма во времето кога СДС беше на власт користејќи ја владината уредба, за помалку од 100.000 евра ги има купено и Зелен Пазар и Бит Пазар, иако пазарната цена на земјиштето според овие проценки е над 12 милиони евра, подвлече таа и додаде.

Криминалната приватизација на овие претпријатија која ја спроведе СДСМ, имаше негативно влијание и врз општинските буџети, па така наместо парите од профитите на овие претпријатија да одат во буџетот на град Скопје, каде подоцна ќе се искористеа за изградба на нови детски градинки, за нови училишта,спортски сали, затворени базени, парите завршуваа во џебовите на тајкуните блиски до раководството на СДСМ и нивните фирми.

СДСМ ги „украдоа“ и градските аптеки

– Кога ќе кажам “украден“ за градот Скопје, зборувам за тогашната централна власт на СДСМ која што од градот Скопје ги одзема градските аптеки и ги направи државни. Само со градските аптеки во Љубљана годишно добива 25 милиони евра. Ги прашувам, каде се сега градските аптеки? Кој е виновен? Во време на СДСМ се продаде ГТЦ кој што го градеше Град Скопје. Исто така од градот Скопје се одзема Топлификација. Тоа ЈП исто така се приватизира…. Се приватизираа и градските гробишта, беа приватизирани и градските пазари. Градот Скопје е единствен во Македонија кој нема градски пазари, рече Коце Трајановски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This