Уште 16 лица повикани на разговор во МВР за подметнатите пожapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега се приведени 17 лица, а на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари. Веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.
Посочува дека МВР останува посветено, како кон превенирање и гасење на пожарите, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите.
-Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија, напиша Спасовски на Фејсбук

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This