Уштe нe дoјдeни пoвтopнo нe зaдoлжиja, влaдaтa нa Заев со нoвo зaдoлжyвaњe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали државата ќе се задолжи повторно? Ќе има ли доволно пари за новите мерки или државата ќе треба да направи и ребаланс. Анализите биле во тек и за ова најверојатно ќе се знае кон крајот на неделава, односно до викендот, потврдува вицепремиерот Фатмир Битиќи. Тој рече дека во државата не е проблем нивото на задолжување. Во финална фаза е подготовката на мерките од четвртиот сет, па ако се позајмуваат пари тие ќе треба да се трошат паметно за нови инвестиции, поддршка на економијата и работните места.

– Во овој момент ги финализираме сите подготовки околу ребалансот на Буџетот и веројатно во петок доцна ќе имаме јасен став што значи капацитетот во овој момент од страна на Буџетот за намалување на расходната страна и ослободување на дел од средствата за четвртиот пакет. Тогаш ќе можеме да одоговориме колку ќе тежи економскиот пакет, но и како во првите три пакети ќе тежи онолку колку што на економијата и на секој еден граѓанин им е потребно. Клучен момент ќе биде одржување на секое едно работно место, потенцира Битиќи.

Македонија веќе позајми пари со еврообврзница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This