Уштe eднa жpтвa вo Нагорно-Карабах: Рycки вojник зaгинa зa вpeмe нa дeминиpaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една жртва има во регионот Нагорно – Карабах. 

Руски војник вчера загина за време на деминирањето на пат во Нагорно-Карабах, информираа од руското Министерство за одбрана. Тој загинал на патот во близина на Шуша, каде експлозивна направа е детонирана. 

Руските војници се во Нагорно-Карабах каде што се задолжени за спроведување на мировниот договор помеѓу Ерменија и Азербејџан кој беше постигнат на 9-ти ноември. Претходно, неколку седмици двете земји војуваа. Загинаа над 1.000 луѓе, а има и многу раселени. Двете земји разменија заробеници, а Ерменија договорот го смета за капитулација поради што опозицијата бара оставка од премиерот Никола Пашинјан. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This