Уштe oвa фaлeшe..: Дpoгaтa зa cилyвaњe кoja „бpишe“ мeмopиja cтигнa и нa Бaлкaнoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова дрога GHB, која „брише“ меморија и може да се користи за силување, се појавила во Хрватска, а познавачите велат дека ја има и на други места на Балканот.

Хрватските медиуми пренеле дека GHB, која е во течна форма и обично се става во пијалок, е доста евтина. Таа предизвикува добро расположение, но и сексуална возбуда.

Како што медиумите пренесуваат, жртвата следниот ден ништо не се сеќава, а трагите од тој наркотик исчезнуваат од организмот.

Најлошо е што рецепт за правење на таа дрога во домашни услови може да се најде на интернет, а се добива од хемикалии за чистење.

Директорот на владината Канцеларија во борба против дрога Милан Пекиќ потврдил дека оваа дрога може да се најде во Србија.

– Првпат во Србија се појави пред десетина години, на црниот пазар. Меѓутоа, успеавме да ја сузбиеме нејзината продажба и злоупотреба. Во меѓуверме се појавија спорадични случаи на внесуавање во земјата, а најчесто ја носеа странци туристи но и посетители на фестивали.

Српскиот психолог Радомир Чолаковиќ смета дека не само дрогата GHB туку и други бројни наркотици се продаваат на т.н. “dark web”, односно на интернет, што е многу тешко да се контролира.

Покрај тие супстанци, таму се тргува и со оружје, па и со луѓе. Спрема проценките, само во текот на изминатата година профит од црниот пазар на “мрачната интернет страница“ изнесувал околу 315 милиони долари, вели психологот Радомир Чолаковиќ.

Според неговите зборови, оваа дрога уништува здравје, а најчесто се користи како „мамка за силување девојки“.

Во прашање е синтетичка супстанца, без боја и мирис, со сладникав вкуст. Бидејќи е во течна состојба се зема орално, лесно се става во пијалокот без жртвата да забележи. По консумацијата, тие обично не се сеќаваат дека биле под дејство на наркотик, а повеќето од нив не се ни свесни дека доживеале силување – наведува тој.

И покрај тоа што дрогата „брише“ паметење, тоа не важи и за траумите кои остануваат после силување…

Траумата останува константна. Се што ние доживуваме, намерно или не, останува запишано во мозокот. Последиците од тие трауми можно е да се надминат со помош на психотерапија. Секако, најопасно е молчењето, односно ако жртвата неправи ништо за тоа што и се случило, поради срам. Може да има трауми за цел живот, објаснува Чолаковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This