УЈП ВИЦКАСТА: Ќе се казнуваат трговците кои не издаваат фискални сметки

Поврзано

- Advertisement -
Управата за јавни приходи издаде нова верзија на брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања” за 2018 година која е наменета да обезбеди насоки за даночниот обврзник како да воведе фискален апарат, но и претставува водич како да се разрешат проблемите со кои се среќаваат во практиката, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискални сметки.
                                                                    Пластичарска улица во Скопје, една од меките за шверцувана роба
- Advertisement -

 

Оттаму апелираат даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со законот за регистрирање на готовинскиот промет, со цел избегнување на казни.

УЈП спроведува засилен мониторинг на готовинскиот промет на терен во делот на фискализацијата.

Нема детали дали овие правила по 28 години независност ќе почнат да важат во Чаир, Бит Пазар, Пластичарска улица, Мавровка, Арачиново, Сарај, Кондово, Кумановските тела, Тетово и тетовските села, Гостивар, Кичево и селата околу нив, Струга итн.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This