УЈП ВО ФИРМИТЕ НА АМЗОСКИ: Ги проверува трансакциите поврзани со „Рекет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека сопственикот на „Дрим Билдинг“ Ардијан Амзоски беше во Обвинителството за гонење организиран кр иминал каде даваше исказ во својство на лице од кое можат да се добијат потреби известувања, во неговата фирма влегоа инспектори на УЈП кои вршат контрола на финансиските трансакции поврзани со случајот „Рекет“, дознава НОВА.

Неофицијално, се испитува договорот склучен меѓу оваа компанија и Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и каде завршиле парите.

Се врши контрола на работењето на фирмата од 1.01.2017 до 31.08.2019 година.

Името на Амзоски се поврзуваше со Бојан Јовановски на чија сметка префрлил 261.853 евра за изградба на старечки домови.

Откако зделката пропаднала, Амзоски поднел тужба за да си ги врати парите.

Фирмата „Дрим билдинг“ неодамна преку соопштение демантираше дека на Боки 13 му платиле 261.853 евра за специјалната обвинителка Катица Јанева да го повлече обвинението против нив.

-Фирмата ’Дрим билдинг‘, во сопственост на таткото на Ардијан Амзоски, Селадин Амзоски, и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на ден 28.12.2017. Договорот во име и за сметка на ’Дрим билдинг‘, со уредно полномошно, го склучува Ардијан Амзоски. ’Дрим билдинг‘, согласно тој договор се обврзал да плати износ од 261.853 евра на Меѓународен сојуз т.е. на координаторот на проектот лицето Јасна Мандиќ. ’Дрим билдинг‘ ги исполнил во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ одбија доброволно да ги вратат парите кои им беа платени, ‘Дрим билдинг’ поднесе тужба пред Основниот граѓански суд во Скопје“, се вели во соопштението од компанијата.

Амзоски по денешниот распит кај Русковска не даде изјава.

„Дрим билдинг“ беше инвеститор на комплексот „Космос“ за чие уривање се води судски предмет од СЈО познат како „ТНТ“. Одбраната на претходното рочиште побара да се утврди дали има поврзаност меѓу парите што ги упатил Амзоски и повлекување на обвинението за него од страна на Катица Јанева.

Адвокатите тврдат дека Јанева, откако го презела случајот од Јавното обнвинителство, го повлекла обвинението против сопственикот на струшката фирма, кој подоцна уплатил пари на сметката н Меѓународниот сојуз. Според исказите на адвокатите „Дрим билдинг“ упатил 261.853 евра иако годишниот приход на фирмата бил драстично помал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This