УЈП: Календар со важни рокови за фирмите и граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за јавни приходи објави календар со важни рокови за фирмите и граѓаните.
До 31- јануари треба да се поднесе ПДД-П3 образец доколку остварувате приходи од земјоделска дејност и вкупниот приход во претходната календарска година надминува 1.300.000 денари.

Ако покрај плата и пензија, приходи од самостојна дејност, приходи од земјоделска дејност, сте оствариле и други приходи во претходната година, до 15-ти март е потребно да поднесете Годишна даночна пријава – образец ПДД-ГДП.

25-от ден од секој месец е резервиран за поднесување на даночна пријава ДДВ-04 доколку вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник.

До 31-ви декември 2018-та година потребно е да поднесете ПДД-П образец доколку остварувате приходи од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги поради определени околности. Образецот се поднесува за паушално плаќање на персоналниот данок на доход. Оваа обврска се подмирува на крајот од секоја година.

За да ги видите останатите датуми и рокови, кликнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This