April 20, 2024, 12:02 am

Уaпceни 28 лица за групно cилyвање на 15 годишна девојка во Индија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индиската полиција уапси 28 лица под сомнение дека групно силувале 15-годишно девојче, пренесува Би-Би-Си.

Властите во Индија го истражуваат случајот во кој 15-годишно девојче постојано беше групно силувано во период од околу девет месеци, објавија локалните медиуми.

Полицијата во Мумбаи уапси 28 лица во врска со наводните силувања, кои започнале во јануари.

Локалните извештаи тврдат дека се започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели наводно ја користеле снимката за да ја уценуваат да има секс со нив.

Властите соопштија дека групните силувања се случиле во различни предградија на Мумбаи, вклучувајќи ги Домбивили, Бадлапур, Мурбад и Рабале.

Девојчето конечно го пријавило случајот во полиција во средата навечер, а весникот НДТВ пренесува дека девојчето именувало вкупно 33 напаѓачи и дека ги знае скоро сите, пренесува Танјуг.

Од неславното групно силување на жена во автобус во 2012 година, што предизвика глобален гнев, Индија воведе строги закони за решавање на злосторствата од сексуална природа, но и покрај ова, ова останува сериозен проблем.

Само минатата година, Националното биро за криминални записи во Индија регистрираше 28.046 случаи на силување – или скоро 77 случаи на ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This