Уaпceни ceдyм лицa вo 1:30 пo пoлнoќ вo пoзнaт cкoпcки лoкaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата ноќеска околку 1.30 часот по полноќ интервенирала во скопското кафуле „Три кичен бар“ зошто бил прекршен полицискиот час и мерките за заштита од болеста.

Од вчера, полицискиот час е скусен и започнува во 23 часот, а кафеаните мора да затвораат во 22.30.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека за непочитување на протоколите биле приведени 7 лица.

– На 06.05.2021 во 01.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот.

Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од болеста. Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од Министерството за внатрешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This