Уaпceни yштe шecт члeнa нa kpиминaлнaтa гpyпa нa Beља Heвoљa – eвe штo ce зaплeни пoлициjaтa пpи пpeтpec вo нивните cтaнoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската полиција уапси шест членови на организирана криминална група. Наводни водачи на оваа група, според полициата биле Вељко Беливук и Марко Миjковиќ.

Акцијата била реализирана во координирана акција на припадници на Министерството за внатрешни работи, Службата за борба против организиран криминал, Полициската управа за град Белград, Агенцијата за безбедносни информации и Обвинителството за организиран криминал.

Уапсени се С.М. (1981), А.Д. (1997), М.Л.С. (2000), М.С. (1999), В.Ѓ. (2002) и А.С. (1999). Тие се осомничени дека како членови на организирана криминална група сториле кривични дела здружување заради извршување кривични дела и киднапирања.

При претрес на становите на осомничените, запленети се два пиштола, воздушна пушка, околу 600 куршуми, мала количина наркотична дрога, како и неколку мобилни телефони, компјутери и пари.

Осомничените се притворени, а денеска ќе бидат изведени во Обвинителството за организиран криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This