Уaпceн е продуцентот на Бијонсе – Oбвинeт за 15 cилyвaњa и злoyпoтрeби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Музичкиот продуцент и добитник на Греми награди, Дитејл (41) беше уапсен во средата за низа наводни сексуални напади, изјавил шерифот од Лос Анџелес.

Продуцентот, чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, продуцираше многу хитови за мега sвездата Бијонсе (38) и раперот Лил Вејн, како и за други познати музичари, а се истакна кога освоија Греми за песната „Drunk In Love“ на Бијонсе, за најдобар ар-ен-би песна и за најдобра ар-ен-би изведбана сцената за 2015 година.

Кауцијата за да се брани од слобода изнесува 6,3 милиони долари и тој е обвинет за 15 сексуални напади, кои, наводно, се случиле помеѓу 2010 и 2018 година.

Дитејл е активен во музичката индустрија од 2005 година и продуцираше песни за Реј Џеј, „Пусикет долс“, Леди Гага, Џенифер Лопез и многу други.

Минатата година една манекенка и пејачка победила во судската постапка вредна 15 милиони долари во Лос Анџелес, кога го обвини за силување и злоупотреба

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This