Уaпceн кумановец – пpoнajдeни мигpaнти вo нeгoвoто вoзилo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа околу 19:20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од Куманово, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Тој бил лишен од слобода затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба. По преземени мерки, било утврдено дека лицата илегално влегле во Република Македонија, појасни Додевски.

Тој додаде дека тие биле пренесени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

– По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Додевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This