Уaпceн хepoјoт од „Хотел Руанда“ зapaди нaвoдeн тepopизaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руандските власти, под обвинение за тероризам, денеска го уапсија Пол Русесабаџина, кој во филмот „Хотел Руанда“ беше претставен како херојот кој во 1994 година спаси повеќе од 1.200 луѓе од геноцид во оваа земја, соопшти денеска полицијата.

Русесабадина, е познат критичар на претседателот Пол Кагаме, а надвор од Руанда живее уште од 1996 година, па не се знае во која земја е уапсен, пренесуваат американските медиуми.

Тој денеска беше изведен пред новнарите во главниот град на Руанда, Кигали, со лисици на рацете и маска на лицето.

Во полициското соопштение се вели дека тој е уапсен благодарение на меѓународната соработка под сомнение дека е „финансиер, водач, спонзор и член на насилни вооружени екстремистички терористички организации, вклучително и Движењето Руанда за демократски промени, кое работи од различни локации во регионот и светот“.

Полицијата додава дека тие издале меѓународна потерница за Русесабадина да одговара за сериозни злосторства, вклучувајќи тероризам, палење, киднапирање и убиства против невооружени невини цивили во Руанда.

Русесабадина, кој живеел во Белгија и американската држава Тексас, претходно ги негираше обвинувањата дека финансиски ги поддржува бунтовниците во Рунада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This