Уaпceн apaчинoвeц кaj кoгo ce пpoнajдeни 1.5 килoгpaми хepoин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во полициска акција во Арачиново, вчера по претреси на две локации, од слобода бил лишен Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, кај кого се пронајдени хероин, хашиш, марихуана, куршуми и преса за дрога.

Како што соопштија од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во село Арачиново, при што кај Љ.А. биле пронајдени и одземени две полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, една полиетиленска ќеса хашиш, четири полиетиленски пакувања марихуана, осум куршуми, една рачна преса за пресување опојна дрога и една хидраулична дигалка.

Осомничениот e приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а од полицијата информираат дека по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This