ФАБРИКИТЕ ПОЧНАА ДА СИ ЗАМИНУВААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Компанија со 1500 вработувања ја смени одлуката, наместо во Македонија ќе инвестира во Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанија која планираше да инвестира во Македонија и да вработи над 1500 лица, заминува во Србија.

Задоволна од инвестициската клима и од соработката со претходната Влада, оваа компанија имаше донесено одлука да го вложи својот капитал во нашата земја.

Но, поради игнорантскиот однос на новата Влада на Зоран Заев и фактот што ниту еднаш не биле контактирани во последниве три месеци, ја промениле својата интерна одлука. Инвестицијата ќе ја реализираат во соседна Србија и наместо македонски, ќе си вработат 1500 српски граѓани.

За разлика од македонската, српската Влада остварила контакти со нив и се потрудила да ја привлече компанијата. Се очекува овој месец да бидат официјализирани деталите.

Над 1500 наши граѓани можеа да добијат вработување, а нивните семејства егзистенција. Оваа инвестиција, освен во намалување на невработеноста, ќе имаше улога и во економскиот раст. Сето ова ќе стане придобивка за Србија бидејќи македонскиот премиер Заев планира зголемување на даноци и кампови за мигранти, наместо да води грижа за граѓаните.

Компанијата која практично беше избркана од Зоран Заев е мултинационален бренд од автомобилската индустрија.

Три големи компании веќе одлучија да ја напуштат Македонија

Три големи мултинационални компаниии веќе најавија напуштање на државата, незаводоволни од третманот на Владата и селење на својот капитал во држави од овој регион.

Три месеци траеше периодот кој беше доволен големи странски корпорации незадоволни поради пасивноста и климата на непријателство која ја водеше Владата да ја напуштат државата и да го преселат капиталот.

Имено, од наши извори дознаваме дека корпорацииите ова прашање го издигнале на највисоко ниво меѓу бордот на директори во своите компании. Главна забелешка била тоа што Владата не само што прекинала комуникација на секое можно ниво, туку и со најавата за декласифицирање на државната помош која ја добиваат, најавите за повисоки даноци, запоставувањето на странскиот капитал и немањето на волја да се излезе во пресрет на основни барања на странските инвеститори кои во моментот вработуваат околу 2 илјади луѓе, боrдовите на директори на овие компании се пред одлука за напуштање на државата и селење на капиталот.

Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третатата компанија е од технолошката индустрија и е со Европски капитал. Тие се дисперзирани во Скопје и во градови во внатрешноста.

2.000 илјади луѓе е многу веројатно да останат без работа.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

 Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие три компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање.

Заев им скрати вработување на минимум 3500 граѓани!

Компанијата која одлучи наместо во Македонија да инвестира во Србија ќе вработеше 1500 лица. трите компании веќе имаат вработено 2000 кои со нивното напуштање на земјава ќе останат на улица. Игнорантскиот однос на Зоран Заев ќе остави минимум 3500 лица без работа! Според најавите, оваа бројка наскоро ќе стане многу поголема и неколку илјади семејства ќе останат без егзистенција бидејќи на премиерот не му е грижа.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This