April 16, 2024, 10:50 pm

ФАБРИКИТЕ ЌЕ СЕ ЗАТВАРААТ: По отворениот прогон на инвеститорите од Заев и Анѓушев, до крајот на годината клуч на врата на 3 фабрики!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.

 

Имено, откако владата врши отворен прогон на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот капитал да го пренасочат во друга држава која има одговорна влада, за разлика од нашата.

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање.Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција.

Но, конечната бројка на лица кои ќе останат без работа заради начинот на работа на Заев и неговата Влада е многу поголема.

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

– Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие неколку компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This