ФАБРИКИ ЗА МАРИХУАНА ВО ДЕМИР КАПИЈА: Три фабрики за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби ќе се отворат во Демир Капија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Демир Капија ќе добие три фабрики за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби, но и Авантуристички парк, пренесува Фокус.мк.

Градоначалникот Лазар Петров информира дека изминатата година, откако стапил на функцијата, посветил големо внимание на привлекувањето на нови инвестиции во општината.

-Во текот на измината година големо внимание посветивме и на привлекување на нови инвестиции. Во таа насока четири големи компании одлучија да инвестираат во нашата општина и истите во 2019 година ќе почнат со работа. Од нив три ќе бидат за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби и една фабрика за природно ѓубриво. Се очекува со реализацијата на овие инвестиции да се отворат минимум 200 нови работни места во нашата општина – соопшти Петров.

Исто така, тој информираше дека со цел да се промовира општината како туристичка дестинација, планирана е изградба на Авантуристички парк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This