ФАЗЛИУ: Имаме поддршка од Унгарија во приближувањето кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамномерниот регионален развој и ЕУ фондовите за размена на искуства со Република Унгарија се дел од темите на кои разговарале министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и државниот секретар од унгарското Министерството за финансии Ракози Балаж.

– Државниот секретар му изрази силна поддршка на нашето Министерството за локална самоуправа (МЛС), за спроведување на регионалната политика и беше договорен Меморандум за разбирање и соработка на билатерално ниво, кој се очекува да биде потпишан во септември по усогласување и потврдување од страна на Владите на двете држави, соопшти прес-службата на Министерството.

Министерот Фазлиу, кој е во студиска посета на Унгарија, ја искористил можноста за да го потенцира процесот на проценка на спроведување на законот што е во сила и изработката на нова десет годишна стратегија за рамномерен развој, која ќе треба да ги земе предвид досегашните искуства, како и добрите практики што се реализираат во земјките членки, како што е Унгарија.

Меѓу другото, министерот упатил благодарност до унгарската Влада за поддршката што таа ѝ ја дава на нашата држава во напорите за приклучување кон ЕУ.

– Искуствата што нашиот тим од претставници од Министерството за локална самоуправа, ќе ги добие од своите унгарски колеги ќе биде од важност за заокружување токму на процесот на проценка и драфтирање на препораки и цели за постигнување рамномерен развој на целата територија на нашата земја во новата стратегија, се наведува во соопштението на МЛС

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This