ФАКТИ ЗА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Живее во изнајмен стан, сама готви и пазари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангела Меркел, една од најмоќните жени во светот, вчера наполни 65 години. Сите знаат што значи името на Ангела Меркел во политиката, но постојат и интересни особини и односи кои ја следат во животот. Еве ги можеби најинтересните од нив.

Својот приватен живот го држи во најстрога тајност, но сепак неколку факти успеаја да испливаат на површина.

Додека студирала, Меркел работела како шанкер на студентските диско забави.

Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успех постигнала затоа што на проблемите им приоѓа од научен аспект.

Откако се развела од првиот сопруг, живеела во нелегален стан во близина на железничка станица. На нејзиниот 30-ти роденден, кога татко ѝ дошол на посета, разочарано ѝ кажал: „Па, не успеа да дотуркаш многу далеку.“

Меркел е одличен готвач. Обожава да прави колачи од сливи и често може да ја видите како сама купува намирници од супермаркет. Секое утро има обичај да му прави појадок на сопругот.

Се верува дека живее во изнајмен стан под кирија.

Уште во 1995-та година била нападната од куче и оттогаш има развиено страв од животни.

Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални по натпреварот за да им честита на играчите на победата.

Се може да почека, но не и сонот

Меркел за време на падот на Берлинскиот ѕид била на свечената прослава со своите другарки од „западната“ страна на градот, но само кусо славела и веднаш си заминала дома за да спие. Причината е тоа што таа секогаш сака добро да се изнаспие и секога навреме си легнува.

– Не сакам со главата да треснам во бирото – рекла во една прилика таа.

Дури и рускиот претседател Владимир Путин не останал рамнодушен на ова и сакал во една ситуација при една средба лично да го провери тоа. Со себе го повел црниот лабрадор при една заедничка средба во 2007, а „Владетелката на Европа“ се вознемирила и се налутила.

– Разбирам зошто го направи тоа, за да докаже дека е маж. Тој стравува од своите сопствени слабости – рекла потоа Меркел за Путин.

Невербална комуникација со врвот на прстите

При своите говори четирикратната германска канцеларка секогаш ги допира врвовите на своите прсти и образува форма на дијамант.

Според толкувачите на невербалната комуникација, тоа е симбол на спокојство и сила.

Овој симбол нејзината матична партија го вметна на рекламен предизборен билборд со порака „Иднината на Германија е во сигурни раце“.

Чудни надимаци

Меркел се уште го носи презимето на сопругот од првиот брак, но има и надимаци кои понекогаш би звучеле чудно.

Како мала од нејзината таткова фамилија ја нарекувале „Каси“, а кога влегла во политиката сопартијците и дале прекар „Мути“, што е блиску до значењето на зборот „Мама“. Помодерен надимак и е „Енџи“.

Нејзиниот сопруг е „Фантомот од опера“

Нејзиниот актуелен сопруг Јоаким Зауер, со кого Меркел се омажи на 20 години, се разведе па повторно се пре-мажи, го нема никаде во јавниот живот и речиси никој не може да го види, освен што се знае дека е професор по хемија.

Медиумите го нарекуваат „Фантомот од опера“ затоа што за прв пат јавно со Меркел е виден на еден оперски фестивал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This