ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ВЛАДАТА ПРЕД АНТИКОРУПЦИСКА: Фалсификатите направени од Владата, предмет на истрага на Антикорупциска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И антикорупциската комисија се заинтересира за случајот со изборот на надзорниот одбор во државното претпријатие за контрола на летање, М–НАВ. По објавените прилози на Телма антикорупциската отвори случај во кој ќе истражува дали некој во владата фалсификувал документи, дали антидатирал одлуки донесени на Владата, но и дали е законски изборот на директори во М-НАВ, кој се случил ден пред распишување на избори, од надзорен одбор кој се уште не ни бил впишан во централниот регистар.

Телма уште пред десетина дена го објави документот на кој е интервенирано со пенкало а кој се наоѓа во централниот регистар. Таму името на Едмонд Калиќи е пречкртано како член на надзорен одбор е додадено на Милорад Милановиќ. Од владата и вчера реагираа дека се работи за техничка грешка при куцање на одлуката на владата и таквиот погрешен документ стигнал во централниот регистар. Реагирале веднаш штом ја увиделе грешката и тоа во законски рок, пред распишување на
изборите.

Целата постапка беше спорна токму поради тоа што се случувала на два дена пред распишување на избори, а ден пред распишувањето се избрани и директорите. Дел од вработените во М-НАВ пак не престануваат да реагираат бидејќи токму двајца членови од надзорниот одбор ден пред распишување на избори избрал директори, но надзорниот се уште не бил ниту впишан во Централниот регистар. Испратија писмо до Телма во кое се вели:

„Ова значи дека донесените одлуки на 05.08.2017 од страна на Надзорниот одбор, за разрешување и избор на членови на Управен одбор се во целост невалидни и незаконски меѓу другото и за тоа што во нивното донесување учествувал и Анѓел Папеш кој не ги исполнувал законските услови за членство во Надзорниот одбор, што е недвосмислено утврдено и од страна на Централниот регистар на РМ. Од до сега изнесеното јасно произлегува дека во конкретниот случај станува збор за повеќеслоен сплет од незаконитости.”

Откако Телма се заинтересира за случајот Владата го разреши токму допишаниот член на документот, Милорад Милановиќ, но од таму тврдат дека не е поради написите туку по барање на синдикатот на М-НАВ.

Инаку за Телма секретарот на Владата Драги Рашковски потврди дека тој се потпишал на исправката, но како и тој и премиерот Заев потврди дека имал овластувања за ова. Во меѓувреме нотарката која ги заверила документите сведочеше дека под притисок на владата неколку пати ги менувала имињата, а искинала и два оригинали и направила нови, со различни имиња од првичните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This