April 19, 2024, 11:27 am

ФАЛСИФИКУВАЊЕ СО ТАКТИКИ ОД 1994: Луѓе бришени од список од една и запишувани на список во друга општина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Теророт и фалсификатот на изборите добива нови димензии. Од теренот постојано доаѓаат сведоштва за најразличните начини преку кои е спроведен изборен инженеринг и е фалсификувана волјата на гласачите, пишува порталот Денешен.

Покрај заканите и уцените насочени кон најверните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и поткуп кај помеките поддржувачи од преостанатото гласачко тело, доаѓаат и неверојатни сведоштва за димензиите на фалсификатот кој бил спроведуван.

-Па така, луѓе кои сакаат да останат анонимни бидејќи имаат бизниси кои сосема сигурно дека реваншистичката и одмаздничка влада на СДСМ ќе ги нападне ако излезат во јавност, велат дека иако со години живееле и гласале во Кисела Вода, на локалните избори биле принудени да гласаат во Шуто Оризари, иако ниту имаат промена на адреса, ниту барале такво нешто, пишува Денешен.

Ваквите тактики потсетуваат на 1994 година и парламентарните избори на кои луѓе беа хаотично прераспределувани да гласаат на избирачки места кои не се исти со нивните места на живеење. Тогаш, на пример, членови на една фамилија од Скопје која живее во Ѓорче Петров велат дека двајца членови на фамилијата гласале во Ѓорче Петров, еден во Аеродром, друг во Чаир, а трет во општина Карпош.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This