ФАМИЛИЈАРНО-ПАРТИСКА СПРЕГА ЗА „ПИВОФЕСТ“: Уништувањето на „Пивофест“ благодарение на партиско-фамилијарните спреги на организаторот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На задоволство на организаторите, учесниците и пред се’ посетителите, годинешното 17-то по ред издание на „Пивофест 2019“ може да се оцени како успешна приказна“ – тоа е констатацијата на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на Маја Бабиќ од „Баги Комуникации“, кога го даваа резимето на четиридневните случувања на Фестивалот на пивото, кој заврши точно пред пет дена.

Од друга страна, пак, констатацијата на оние кои веќе 17 години, редовно го следат ова летно случување, а кое е единствено од тој тип, не само кај нас, туку и многу пошироко, е сосема спротивна. Според нивните критериуми, годинашниот „Пивофест“ имал едно од своите најслаби изданија, како во изборот на изведувачите, така и во нивниот распоред за настап на Фестивалот.

Меѓутоа, она што најмногу предизвика бура од реакции, се чини дека беше изборот на организаторот на „Пивофест 2019“. Најпрвин, ЛС огласот за избор на организатор на Фествалот го распиша на почетокот од јуни, непосредно пред викенд, и истиот траеше само три дена, иако од минатогодишните искуства се знае дека организацијата на една ваква мега-манифестација бара многу повеќе време од еден месец, колку што имаа на располагање годинашните организатори „Баги Комуникации“ од Скопје, сеедно што тие зад себе имале 30-годишно искуство во бизнисот.

Сомневајќи се во критериумите за избор, опозицијата, а и јавноста на повеќе наврати реагираа за нетранспарентноста на градските власти околу изборот на организаторот, како и за сумата која ќе му биде исплатена од општинската каса. Бараните одговори, секако дека јавноста не ги доби, освен тоа дека се работело за високи професионалци во својот занает кои биле и единствени кои се јавиле на краткотрајниот оглас.

Но, еве, по една седмица, откако потспласнаа емоциите и впечатоците, градот под Марковите Кули е се’ погласен во констатaцијата дека годинашната организација на „Пивофестот“, најверојатно била само уште една „партиско-роднинска“ забава на власта. Имено, понежната половина на „Баги Комуникации“, менаџерката Маја Бабиќ, која, според својот фб-профил е во „љубовна врска“ со сопственикот на „Баги Комуникации“, Владимир Мандичевски – Манде, е и ќерка на актерот Марин Бабиќ, инаку познат по својата силна наклонетост кон актуелната власт, а во исто време е и прва братучеда на советничката за култура при ЛС Прилеп, Јана Јанеска – Ристески, по мајка Бабиќ, а која пак, локално беше задолжена за организацијата на годинашниот „Пивофест“.

Според прилепчани, овие партиско-родниниски врски биле единствениот критериум за изборот на годинашниот организатор на „Пивофестот“, за, како што шегобијно велат, „парата да вртела во тој нивни затворен круг“?! А колку Прилеп го чинеше професионализмот на „Баги Комуникации“, засега останува деловна тајна.

Без никаква намера да ги критикуваме или девалвираме професионализмот и ангажманот на годинашниот организатор на „Пивофестот“, сепак, останува енигмата што од сето ова е вистина и колку и дали прилепската Чаршија е во право ?!

Извор:
Канал 3 тв

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This