ФАНТАСТИЧЕН ВКУС И АРОМА: Кроасани полни нутела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Направете вкусни кроасани со нутела, со фантастичен вкус и арома.

СОСТОЈКИ:

500 мл. вода, 1 лажица шеќер, 1 лажиче сол, 10 гр. сув квасец, 100 мл. масло, 1 кг. брашно, 300 гр. маргарин.

ПОДГОТОВКА:

Се разматува во 100 мл. топла вода квасец со шеќер и се остава да се активира, па се става брашно со сол во сад.
Се става квасецот, водата која остана, и скоро цело масло, се остава лажица две за горе.
Се меси тесто.
Се премачкува со маслото кое остана и се прави топка која се остава со крпа да нарасне.
Се премесува тстото и се вадат 8 големи или 16 помали топки, се развлекуваат и се става врз секоја маргарин рендан, па сепоклопува со друг круг.
Пак малку маргарин, па трет круг и така до крај.
Најгоре не се става ништо.
Се става малку брашно горе, се стиска на средина тестото со оклагија, се поместува и лево и десно оклагијата, па се превртува за 180 степени тестото и пак се прави истото.
Се развлекува кру и се сечат триаголници, се става на секој нутела и се прави кроасан.
Се премачкуваат со јајце и се печат откако ќе отстојат 20 минути, на плех со хартија на 200 степени 20 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This