ФАНТАСТИЧНА АТМОСФЕРА И ГОЛЕМА ЕНЕРГИЈА: Мицкоски на средба со граѓани во Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штотуку бев во Гостивар, имав средба со стотина поддржувачи во фантастична атмосфера и голема енергија. Енергија која ги предвестува промените во Република Македонија, енергија која е плод на неизмерна љубов кон нашата земја, но и загриженост и револт од се она што и се случува на нашата Македонија – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ профил

Премиерот кој се фалеше дека ќе делел лекции за економија земјава ја води кон економска пропаст, неговата лекција се неуспеси во секое поле, капитални инвестиции за првите 4 месеци кои се дваипол пати помали од тие во минатиот период лани, буџет кој се полни поради арачот за зголемена акциза за нафта, која ја наметна владата, а е платена со парите на граѓаните и данокот на добивка од странските инвестиции кои ги донесе минатата влада, недостижни 500 евра плата кои и самите се свесни дека нема да ги исполнат и тоа си го признаваат со нивната фискална стратегија.

Народот е свесен дека економското цунами и националната катастрофа во оваа држава има име и презиме, тоа се вика Зоран Заев. И мора да се застане на патот на ова уништување. Силата е во народот, во гордиот и достоинствен народ кој има право на глас, и чија кичма не се подвиткува како на оние кој ја водат власта.

Затоа сложно, заеднички и масовно потребно е народот да излезе и да го означи почетокот на крајот на оваа неспособна власт. 2 јуни ќе биде одговорот на народот, и пораката која треба да ја добие власта, дека никој нема право да си поигрува со судбината на оваа земја и иднината на нашите граѓаните.

Штотуку бев во Гостивар, имав средба со стотина поддржувачи во фантастична атмосфера и голема енергија. Енергија која ги…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, May 28, 2018

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This