ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ ЌЕ ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: На Избирачкиот список има починати лица, грешни адреси и други неправилности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фантом гласачите кои беа избришани од Избирачкиот список во 2016 година повторно се вратени. Исто така, околу 100 граѓани во Центарот за слобода „ЦИВИЛ“ пријавија нерегуларности во врска со починати луѓе кои се на Избирачкиот список како и проблеми со адресите на реалните гласачи. Џабир Дерала нагласува дека проблемот, меѓу другото, лежи и во изборното законодавство, пренесува Алсат.

 
Дерала го обвинува ДИК за ароганција, бидејќи додека ги повикува граѓаните да пријавуваат неправилности, во моментот кога граѓаните се јавуваат во ДИК, истите ги упатуваат до Министерството за внатрешни работи. Според Дерала, ДИК нема веќе време да ги реши проблемите, но барем може да обезбеди услови за сите гласачи да гласаат на референдумот на 30 септември.

Според извештајот на ДИК, од 9 до 13 август, од изборниот список се избришани 77 гласачи и тоа 69 во Кисела Вода, седум во Демир Хисар и еден во Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This