Фармацевтите контра Бајден: Не дозволуваат ykинувањe на патентот за вaкцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фармацевтските компании рекоа дека поддршката на американскиот претседател за укинување на патентот за вакцини против kovid 19 може да го наруши кревкиот синџир на снабдување и дека наместо тоа, богатите земји треба даредовно ги делат вакцините со земјите во развој.

Џозеф Бајден вчера поддржа одземање на патентите за вакцини, што предизвика бес кај фармацевтските компании.

Доколку Светската трговска организација (СТО) го прифати предлогот, ќе се појават нови производители без потребно знаење и надзор на пронаоѓачите за да ги раселат сигурните добавувачи, соопшти Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА).

„Слушнав како многу производители на вакцини велат дека нашите ресурси се потрошени и нашите техничари се исцрпени, изјави за Ројтерс генералниот директор на ИФПМА, Томас Куени
Тој предупреди на можен хаос доколку биде дозволено вклучување на „несоодветни компании“.

Компаниите за вакцини исто така го критикуваа Бајден.

“Патентите не се ограничувачки елемент за производство или снабдување на нашите вакцини. Тие не би го зголемиле глобалното производство и снабдување со дози на вакцини на краток и среден рок”, рече германски Бионтек, кој ја произведе вакцината заедно со Pfizer и планира да испорача до три милијарди дози оваа година, објави Танјуг.

„Бионтек“ наведува дека го развива процесот на производство на вакцини повеќе од една деценија и дека за неговата репликација, меѓу другото, е потребен искусен персонал и внимателен трансфер на технологија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This