April 19, 2024, 11:41 pm

ФАТЕНА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА КРАДЦИ: Кривични пријави за тројца стружани што краделе во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Охрид поднесе кривични пријави против тројца стружани, извршители на повеќе провални кражби.

Лицата П.С (27), С.О. (27) и И.П. (22) сите од Струга, во текот на март и април годинава со користење на алат и физичка сила насилно провалиле во седум куќи во Охрид од каде противправно одземале пари, златен и сребрен накит, рачни часовници, ЛЦД телевизори, лап-топ, таблет, облека и електрични апарати. При провалувањето во една од куќите пријавените пронашле клуч од патничко моторно возило што било паркирано пред куќата кое го стартирале и противправно го одзеле.

Пријавените исто така во март годинава провалиле и во два маркети во Охрид, одземајќи пари од касите.

Од извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 437 илјади денари.

Против тројцата се поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This