ФАТЕНИ МИГРАНТИ: Полицијата фатила шверцери на мигранти кои превезувале 38 во комбе кај Гевгелија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера (17.04.), околу 04,30 часот, од страна на полициски патролен тим од ПС за ГН Михајлово и ПС ОН Неготино, на регионалниот пат Гевгелија-Скопје, во товарно моторно возило марка “Форд Транзит“ во близина на базата на “Актор“ пред тунелите кај Демир Капија откриени се 38 мигранти (35 од Пакистан и тројца од Индија).


Имено, откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на м.в. “Арсови лаки“ и дале знак за запирање, возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола поради сомневање се упатила по товарното возило и по извесно време возилото е пронајдено, оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето. Со проверки е констатирано дека возилото имало лажни регистарски таблички.

Со мигрантите кои биле на возраст од 17 до 41 година извршен е разговор, при што е констатирано дека тие илегално пешки влегле во Р.Македонија од Р.Грција во текот на претходната ноќ, а со помош на лица, исто така, мигранти. И дека истите биле со намера илегално да транзитираат преку Македонија, Србија, до западноевроските земји, а за цена од околу 4.000 евра, поединечно, до крајната дестинација.

Набрзо по влезот во земјава во близина на македонско-грчката граница се качиле во товарното возило. За настанот е известен дежурен јавен обвинител од ОЈО на РМ – за гонење на сторители на КД од областа на организираниот криминал и корупција Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот и откривање на инволвираните лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This