ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Камионите и багерите на Заеви копаат песок без концесија во струмичко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на селата Доброшинци, Чанаклија и Пиперово за Лидер доставуваат фотографии и информации каде што тврдат дека машини и камиони на Вице Заев копаат во реката на потегот помеѓу селата Доброшинци, Чанаклија и Пиперово во општина Василево. И дека целото копање се одвива без концесија, и се сведоци на стотици камиони кои поминуваат оттаму секој ден. Песокот што се вади од ова место се носи кај зградите во касарната во Струмица, што исто ги гради Вице Заев и неговите блиски соработници, тврдат за Лидер жителите од овој крај. Овој случај повеќе пати е пријавуван во полиција, притоа полицијата излегува на терен и ништо повеќе не презема, се жалат локалните жители.

Според информациите кои кружат помеѓу луѓето истите кои копаа на овој потег, подоцна отишле да работат за Рек Битола, а на камионите што работеле таму им биле излепени налепници Пелистер Битола, откако ги сопреле нивните активности во Битола , пак се вратиле на потегот помеѓу селата Доброшинци, Чанаклија и Пиперово и продолжиле со изнесувањето на илјадници кубици на песок на црно. Добро упатени извори тврдат дека струмичката полиција има одземено неколку возила и машини за превоз и копање ситна количина на песок без документи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This