ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Што договараа адвокатот на Заев и јавниот обвинител Јовески на бензинската во скопски Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбата помеѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош била со цел адвокатот Филип Медарски да му ги „издиктира“ желбите на Заев кои Јовески мора експресно да ги исполни откако ќе ги добие сите предмети од СЈО – тврди Лидер. Според нив станува збор за шест главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати „во форма“ на политичката сцена.

Прво, предметите кои се наоѓаат во судска постапка да се распределат на лојалните обвинители кои и досега се докажаа во нарачките на Заев, како за 27 април, Поткуп и слични случаи.

Второ, за сите обвинети да се побараат веднаш притвори и со тоа целосно да се дефокусира вниманието на јавноста од случајот Рекет.

Трето, да се побара удвојување на бројката на судски рочишта се со цел случаите да бидат завршени со пресуди максимум пред почетокот на изборната кампања, догодина овој период.

Четврто, да се побара куќен притвор за Катица Јанева бидејќи со предавањето на предметите на ОЈО престанува опасноста од повторување на делото.

Петто, да се разводени максимално постапката за случајот Рекет. Сите собрани докази кои видат до Заев да не се земаат в предвид. Сите функционери на СДСМ да бидат дел од оштетените или измамените од страна на Боки Тредичи. Единствен кој би одговарал да е токму Боки.

Шесто, ниеден предмет за корупција на актуелната власт да не биде ставен на работа со образложение дека обвинителите имаат “обврски” околу застапување на превземените предмети од СЈО.

За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил:

– зголемен буџет,

– нови обвинители и истражители,

– медиумска поткрепа за сите дејствија.

Јовески на средбата во целост се нафатил да застане позади барањата на Заев и дека цело ЈО 100% ќе биде ангажирано за овие обврски.

Нејасно е зошто на Заев волку панично му се брза за реализација на овие планови. Дали повторно добил информации од истрагата која ја води Русковска, а кои се однесуваат на податоци и докази кои директно допираат до него во случајот Рекет останува да се дознае за многу скоро.

Преземено од Лидер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This