ФАТЕНИ НА ПИ-МЕРКИ, ЗАЕВ ИМАЛ TAJHA СРЕДБА СО ЈАНЕВА: Пендаровски ја демантиpa средбата, во споменатиот период воопшто не живеел во вилата на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева, правник кој заврши неславно, без разлика на просекот со кој што таа го завршила своето високо образование има барем основно познавање од правната материја ако ништо друго поради долгогодишното искуство како обвинител во Гевгелија, а потоа и Специјален јавен обвинител во Скопје. Имајќи во предвид дека Бојан Јовановски и нема кој знае какво познавање од областа на правото редовно зема збор во судницата и грчевито се спротивствавува на обвинението поднесено против него од страна на обвинителката Вилма Русковска.

Сепак тоа не е сучајот со екс Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која освен навредите кои ги упати кон поранешената нејзина блиска соработничка во СЈО, Лиле Стефанова нема земено збор во судницата веќе неколку месеци. Според обвинението на Русковска, Јовановски, Милевски и Јанева изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев. Боки 13 рекетирал, Зоран Кичеец договарал средби, а Катица Јанева под влијание на Боки, имала задача да му ја олесни положбата на Камчев и да му овозможи, судот да му даде привремен пасош.

Поранешната шефица на СЈО, како награда добила како подарок мебел вреден 5 илјади евра и 50 илјади евра во кеш, за што обвинителството има и фотографија на Јанева покрај купче со девизи. Наоружани со овие факти нашата слика за предметот е кристално јасна, Јанева се гони за награда од 55 илјади евра што би значело дека останатите пари завршиле кај Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Зоран Милески Кичеец по признание на вина прв се соочи со казната за „Рекет“. Но, неговата казна е релативно мала со оглед на сериозноста на делото и потребата на судот преку пример да спречи идни вакви дела. Тој доби само три години затвор, а за делото за кое е осуден е предвиден затвор од една до десет години.

Вилма Русковска беше задоволна со ваквата одлука и не побара нејзино ревидирање од страна на повисоките судски инстанци.

Имајќи во предвид се што досега е споменато, Бојан Јовановски е жртвеното јанге. Да потсетиме и дека само за него мерката ефективен притвор не беше преиначена во поблага мерка домашен притвор. Што упатува дека Боки 13 е единствениот кој не се договорил со „капо ди тути капи“ и не само што не се договорил тој отворено упати закана и уцена кон Зоран Заев.

За Милевски знаеме дека десетици пати беше ваден од притвор, моменти во кои тој слободно можел да се сретне со било кого, а да не заборавиме дека и неговиот бранител важи за близок до СДСМ.

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ пак со јавноста беше споделена скандалозна информација при презентирањети снимки од посебните истражни мерки (ПИМ) со кои биле следени Бојан Јовановски, Зоран Милески – Кичеец и Катица Јанева.

Специјалната обвинителка била следена од средината на август минатата година. На една од снимките направени од полицијата се гледа како таа како совоозач во возило „Опел вектра“ се упатува во правец кон претседателската вила на Водно, но таму се наоѓа и резиденцијата на премиерот. Инфомакс и претходно информираше за можна тајна средба помеѓу Заев и Јанева, а покрај обидот за спин во судницата и преку медиумите блиски до властан а СДСМ дека Јанева се сретната со претседателот Стево Пендаровски, повеќе од јасно е дека Јанева се сретнала со Зоран Заев.

Нашата редакција испрати прашање до кабинетот претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски дали таква средба се случила и за што се разговарало на средбата.

-Во врска со вашето прашање за ПИ мерките за обвинителката Јанева, ве информираме дека претседателот Пендаровски во споменатиот период – август 2019 не живееше во резиденцијата. Претседателот Пендаровски со семејството живее во резиденцијата од октомври 2019 година, ни одговорија од кабинетот на претседателот.

Со оглед на новонастаната ситуација, обвинителството мора да одговори за своите лажни наводи за наводна средба помеѓу Пендаровски и Јанева.

На 12.08.2019 претседателот Стево Пендаровски оценува дека случајот „Рекет“ е „огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните во нас политичарите и во сопствената држава“. На прес-конференција одржана во неговата резиденција, Пендаровски порача дека аферата мора да се расчистува брзо и темелно, оценувајќи притоа дека „одговорност мора да има и по хоризонтална и по вертикална линија“. А упати директна критика и до правосудните органи.

Јас јавно кажав дека сум разочаран од тоа што го слушнав и повикав на брза и темелна истрага. Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за рутински предмет, изјави претседателот.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This