Фаучи cмиpyвa: САД ocтaнyвaaт вo СЗО и мoжe дa ce пpиклyчaт нa Koвакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, Ентони Фаучи, денеска потврди дека САД ќе останат членка на Светската здравствена организација (СЗО).

Бајден вчера потпиша извршна наредба за укинување на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за повлекување на земјата од СЗО.

Фаучи додаде дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе престанат да ги отповикуваат вработените кои работат со организацијата.

Тој исто така соопшти дека Бајден најверојатно ќе потпише директива со намера да се приклучи на иницијативата КОВАКС, чија цел е да се обезбеди рамномерна дистрибуција на вакцината за коронавирусот низ целиот свет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This