ФАШИCTИ БЕА, ФАШИCTИ ОСТАНАА: Каракачанов бара да го славиме денот на фaшиcтичката бугарска okyпација на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компромиси нема да се прават, изјави вицепремиерот Красимир Каракачанов коментирајќи го заседанието на бугарско-македонската комисија за образовни и историски прашања во Охрид, јавува БНР.

Запрашан дали спорот за Гоце Делчев, кој го блокира постигнувањето напреок, има шанси да биде надминат, тој одговори:

–Како нема, инаку ќе стојат во ходник и ќе чекаат. Никогаш нема да се согласам со фактот да направиме компромис со бугарската историја во името на тоа, скопските политичари да одат и да ми се перчат во Брисел и да прават Европејци. Единаесети октомври е национален празник во Северна Македонија. И што празнуваат на 11 октомври? Востанието против „бугарскиот фашистички окупатор“. Добро де, но зошто не го празнуваат 20 април 1941 година, кога не 20 дечиња со парола „Да живее Црвената армија“, туку целиот народ во Македонија со леб и сол и со црковни камбани ги пречекуваше бугарските војски? Значи, тие не го празнуваат денот кога сме ги ослободиле од српското ропство со кое им беа сменети имињата. Им забрануваа да се нарекуваат не само Бугари, туку и Макеонци им забрануваа да се нарекуваат. Што има да коментираме дали ќе правиме компромиси?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This