March 28, 2024, 12:23 pm

Фајзер се oбвpзa: 40 милиoни вakцини зa cиpoмaшнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската компанија „Фајзер“ се обврза да испорача 40 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ оваа година, во согласност со напорите на Светската Здравствена Организација да обезбеди вакцини за сиромашните земји.

Договорот е поттик за светската програма Ковакс, бидејќи богатите земји веќе зазедоа поголем дел од неколку милиони произведени дози, според агенцијата АП.

Обврската, објавена на виртуелна прес-конференција на СЗО со седиште во Женева, се смета за важна бидејќи влијателната американска администрација за храна и лекови (ФДА) кон средината на декември дозволи итна употреба на вакцината против Ковид 19, развиена од фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек. што им олеснува на меѓународните здравствени групи и сиромашните земји исто така да одобрат употреба во итни случаи.

Претходно оваа недела, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги критикуваше фармацевтските компании кои главно ги снабдуваат богатите земји заради профит.

Потребни се две дози за вакцинирање на една личност, а 40 милиони дози се само мал дел од она што е потребно за вакцинирање на милијарди луѓе во 92 сиромашни и земји со средни приходи преку програмата Ковакс, што е целта на СЗО.

Механизмот Ковакс, чија цел е да обезбеди фер пристап до вакцини против Ковид 19 за посиромашните земји, претходно обезбеди скоро две милијарди дози вакцини од пет други производители, плус можност за милијарда дози повеќе.

„Фајзер“ претходно не се обврза да ја достави вакцината „Ковид-19“ во сиромашните земји без да оствари профит, како што направија повеќе други компании.

Сепак, Фајзер и германскиот Бионтек најавија дека ќе ја достават својата вакцина на Ковакс по „непрофитна цена“. Според постигнатиот договор, компаниите треба да ги испорачаат вакцините оваа година, почнувајќи од крајот на март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This