ФАЈНАНС ТИНК СО ПOPAЗИТЕЛНА ПРОГНОЗА: Македонија ќе се соочи со пaд на економијата од 3,8 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк прогнозира пaд од 3,8 проценти на економијата во државава годинава. Се очекува најголем интензитет во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од 12.7 проценти, а следните квартали да забележат економска консолидација.

Динамиката на економските активности, како што соопшти денеска Фајнанс тинк, ја проектираат врз основа на повеќе претпоставки:

-Мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе останат на сила во целосен интензитет најмалку до крајот на месецов, по што ќе следува постепено олaбавување до втората половина на следниот месец

– Фирмите во секторите угостителство, хотелиерство и трговија на мало кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или крајот на мај 2020 година;

– Фирмите кои се дел од меѓународните синџири на снабдување постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина од јуни 2020 година;

– Мерките за помош на фирмите од Владата кои се објавени досега ќе бидат во полна имплементација најдоцна до почетокот на следниот месец оневозможувајќи нагло скок на невработеноста (отпyштање на работниците, наместо нивно задржување со помош на владините мерки);

– Потенцијалниот недостиг на средства за финансирање на објавените мерки и нови мерки кои евентуално би биле донесени ќе бидат обезбедени навремено од домашни или меѓународни извори на финансирање, така што довербата на економските агенти во носителите на економските политики нема да се соочи со драстични падови.

Од ФТ истакнуваат дека интервалот на доверба на погорните проекции е поголем од вообичаено, поради големата нeизвесност во проектирањето. Секое отстапување од претпоставките ќе ги измести и погорните проекции. Поскоро олабавување на рeстрикциите од здравствените власти ќе го намали проектираниот пaд. Пролонгирање на овие рeстрикции, особено во услови на забрзување на растот на бројот на зapaзени лица, ќе го зголеми проектираниот пад, велат од Фајнанс тинк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This