ФБ СТАТУС КОЈ ЈА ГРЕЕ ДУШАТА: Струмичка снаа од Црна Гора со повеќе љубов за Македонија од некои одродени Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Не само Македонци и Албанци (иако некој сака од Македонија да направи бинационална држава) живеат и луѓе кои се од друг етникум, но се еднакви патриоти иако се родени на некое друго место. Ана Филев е струмичка снаа од Црна Гора, која на својот ФБ профил објави текст во кој е згрозена од обидите на некои, врз нејзините деца да наметне двојазичност, да го промени името на државата во која таа решила да го помине нејзиниот живот, земјата која како што вели е Александрова

17101980_10206932626833295_817074235_n

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Еднаш ме прашаа што посакувам од својот живот во иднина. Немав конкретен одговор, не знаев детали. Одговорив дека сакам да бидам среќна, да бидам со човекот кој ме сака ваква каква што сум. Кој ќе ја разбира уметноста. Да живеам некаде, ако тоа не биде Црна Гора, во земја каде има многу сончеви денови. Домот да ми мириса на деца и колачи…. Не знаев , дека таа земја ќе има сонце на знамето. Не знаев дека тоа сонце ќе ми го осветлува патот и ќе ми ја грее кожата. Не знаев дека Македонија е таа земја, Александрова. Сега некој сака да го украде тоа сонце, мене, на македонците, на моите деца…Сега некој сака зборот Македонија повеќе да не постои. Тоа преубаво име….Дали е можно ова да е сон? Кошмар?

Ех, души јадни, има ли нешто за Вас свето?! Ве жалам сите кои тоа го посакувате , без оглед од кои причини…Жалам, бидејќи тоа е коцкање со иднината на сите нас , кои го сакаме ова сонце, оваа земја , ова црвено знаме и името Македонија! Жалам, бидејќи постојат оние кои нема да Ви го дадат ова парче плодна земја.Жалам бидејќи смрдите на крв и барут! Жалам бидејќи сте за жалење и не заслужувате  да Ве грее ова сонце. Ни ова, ни било кое друго!

Македонијо те сака Ана Филев!

[/kopa_block_quote]

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This