ФДА гo oдoбpи „Ремдесивир“ за лeкyвaњe Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на Ковид-19: Ремдесивир, антивирусен лек што се дава интравенски на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Лекот е одобрен за итна употреба од пролет, и сега е првиот лек што добил целосно одобрување во САД за третман на Ковид-19.

Лекот, што калифорниската компанија Gilead Science го нарекува Vecliuri, го намалува времето на опоравување за пет дена – од 15 дена во просек на 10 – покажува голема студија спроведена од американскиот Национален институт за здравство.

Лекот е одобрен за лица постари од 12 години и над 40 килограми на кои им е потребна хоспитализација поради инфекција со вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This