April 25, 2024, 10:07 am

ФЕНИ ИНДУСТРИС ПРОПАЃА, СДС КУПУВА ГЛАСОВИ: Преку „Ватростална“ исплатена една плата на вработени во Фени под услов да не штрајкуваат и да гласаат за СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фени индустри пропаѓа, СДСМ купува гласови со еднократни исплати и ги манипулира граѓаните на Кавадарци за да добие глас повеќе

Денешниот најавен штрајк на вработените во Фени беше прекинат поради еднократната исплата која СДСМ крајно манипулаторски ја исплати пред вториот круг од локалните избори во очајнички обид да купи гласови. Трагично е што беше исплатена само плата за вработените, а за превозниците со кои проблемот е далеку поголем нема ниту денар.

Целиот државен врв предводен од Анѓушев упорно ги лаже кавадарчани дека Фени ќе биде продаден и ќе се рестартира неговата работа. Во овие моменти во село Возарци има повеќе од 25 фунцкионери на чело со Бетиане Китев меѓу кои и советници и министри кои ги лажат, манипулираат граѓаните дека Фени ќе продолжи со работа, се со цел да не ги загубат гласовите на овие граѓани во недела. Во ова населено место во кавадаречко повеќе од 80 проценти од граѓаните живеат од фабриката и сите овие луѓе доколку пропадне Фени ќе останат без извор на егзистенција.

Индикативно дека станува збор за класичен предизборен поткуп е тоа што парите кои се префрлени за плати на вработените во Фени се од државнат фирма Ватростална. Очигледно е дека СДСМ ќе стори се за да не загуби во Кавадарци, СДСМ ги користи сите државни ресурси и парите на граѓаните во изборни цели максимално.

Проблемите во Фени започнаа паралелно со доаѓањето на новата влада, и се резултат на катастрофалните економски политики кои СДСМ ги спроведува во државата. Фени очигледно е само првото домино кое треба да падне за функционерите на власта да присвојат голем дел од стопанственичкиот колач. Рецептот на транзицијата за функционерите на СДСМ беше успешен и ги направи милионери, а за граѓаните беше една огромна економска катастрофа од која до ден денес голем број на семејства не успеаа да закрепнат. СДСМ се обидува максимално да го обезвредни Фени за потоа Кочо Анѓушев и олигарсите налик него да може да го купат за ситни пари и да се појават како спасители на компанијата која 11 години беше во одлична финансиска кондиција.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This