ФЕР ПОНУДА ОД МИЛОШОСКИ: Ако СЈО го пронајде авионот, Милошоски ќе им го подари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалното јавно обвинителство испратило писма до Министерството за транспорт и врски и до Централниот регистар со кои бара да им се одговори дали пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во периодот од 2008 до 2015 година поседувал авиони и приватни фирми – пишува „Дневник“

antonio-mi-640x641

Писмените барања стигнале до Милошоски од страна на, како што вели пратеникот за „Дневник“, чесен граѓанин вработен во обвинителството што го води Kатица Јанева.

Милошоски со доза шеговитост вели оти, секако, одговорот на овие писмени барања ќе биде негативен, оти тој ниту поседувал ниту поседува авиони и приватни фирми. Истовремено, вели тој, ова е уште еден доказ за партиската улога што ја има СЈО.

– Со ваквиот дегутантен притисок од СЈО се разобличува партиската улога што ја има институцијата. Шемата е едноставна: сите истакнати политички фигури што ~ припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ, а се јавно против штетните политики на Зоран Заев и неговото поткусурување со државните интереси на Македонија се или ќе бидат наскоро предмет на отстрел, прогон и истрага на СЈО – вели Милошоски.

Според него веќе е јасно и очигледно кој с` ќе биде на листата со кандидати за обвинети затоа што не се согласува со сценариото што го води Заев на штета на Македонија.

– Мојот одговор е краток и јасен: ниту сум имал ниту имам авиони, односно воздухоплови, како што ги нарекуваат во писмата, или приватни фрими. Институциите ќе им го дадат овој одговор. Но јасно е оти СЈО се претвори во инструмент за политички прогон на сите што се противат на штетните политики на Заев – нагласува Милошоски.

Уште една потврда за ова, според пратеникот, е една ситуација за која вели дека се случила неодамна, по неговото гостување на една телевизиска дебата, односно брзо по почетокот на собраниската расправа. Тогаш бил повикан од колега пратеник од СДСМ, кој го предупредил дека во партијата на „Бихаќска“ се спомнувани обвиненија против Милошоски од СЈО.

– Особено по настапите во Собранието, кога отворено зборував против Заев, еден пратеник од редовите на СДСМ, чие име нема да го споменувам поради неговиот личен интегритет, добронамерно ме предупреди дека во СДСМ отворено и иронично се заканиле оти ако продолжам со ваквата реторика, ќе ме стигне обвинение од Kатица Јанева – вели Милошоски.

Тој не стравува од обвиненијата оти вели дека чесно и чисто си ја врши својата работа. Но порачува оти со ваквите обиди СЈО нема да успее да ги тргне очите на јавноста од криминалните дејства на Заев.

– Ваквиот политички притисок преку СЈО нема да го покрие предметот „Поткуп“ на Заев, како и предметот „прифатена платформа од Тирана“ за создавање влада во Скопје – порачува Милошоски.

СЈО: Бараме информации за повеќе лица од повеќе институции

По објавата на Милошоски, се огласи Јанева. Го осуди обелоденувањето информации во врска со нивните истраги оти, како што се вели во соопштението испратено од СЈО, тие побарале не само од посочените две, ами и од други државни институции да добијат одредени информации што им биле потребни за предистражни постапки. Побарани биле информации за повеќе лица.

– Укажуваме државните институциите да преземат мерки со кои ќе се оневозможи јавно објавување податоци за предистражни постапки кои во согласност со законските прописи се тајни. Недозволиво е државни институции да им овозможат увид на лицата за кои се вршат проверки во видот и карактерот на проверките што ги врши ова јавно обвинителство во согласност со законските овластувања и прописи – се наведува во соопштението од СЈО.

Искра Корвешовска
Дневник

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This