April 19, 2024, 12:40 am

ФЕСТИВАЛ НА ХАРМОНИКИТЕ: Во рамките на Битфест 2017 та, се одржа јубилејното петто по ред издание на Фестивалот ХАРМОНИКИТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 05 и 06 јули во Магазата во рамките на Битфест 2017 та се одржа јубилејното петто по ред издание на Фестивалот ХАРМОНИКИТЕ.

Организатори на овој Фестивал се Здружението Непокор и Савевски Продукција. Љубителите на музиката двете фестивалски вечери уживаа во прекрасната изведба на Милан Кацарски, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски и Иван Анастасов. Публиката богато со аплаузи ги наградија сите виртуози кои што понесени од прекрасната атмосфера дадоа уште многу повеќе од своите квалитети и од својата виртуозност. Инаку на Фестивалот како Специјален Гостин беше присутен Двократниот Светски Шампион во Хармоника во категоријата на класична музика  и на светска музика Виртуозот од Скопје Маестро Александар Коловски. Александар Коловски се обрати на присутните и вети дека до година сигурно ќе биде дел од учесниците на Фестивалот ХАРМОНИКИТЕ.

Се очекува истиот да биди одложено емитуван на повеќе телевизии, а се со цел да можат што повеќе љубители на музиката да уживаат во прекрасната музика. И како што изјавија Уметничкиот Директор Кирил Стојчевски и Директорот Сашко Савевски тие продолжуваат да се подготвуааат за следното издание на Фестивалот, а од ова издание ќе биде издадено и двд.

Посебно е за истакнување е и фактот што Директорот Сашко Савевски со одбрани и преубави зборови се обрати и заблагодари на сите учесници на сите досегашни 5 изданија, и тоа на Милан Завков, Сашко Велков, Милан Кацарски, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски, Иван Анастасов, Димитар Митровски и други,а се разбира не заборави да ги спомне и поздрави и бројните спонзори и помагатели,  а импресивно беше да се истакне  дека Господинот Савевски е еден од ретките кој особено внимава и со најголем пиетет се однесува кон сите медиуми. Телевизии, радија и интернет портали.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This