Фетаи: Поврзанocта на Вељаноски со „Moнстpyм“ е само тeopија на заговop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршните зборови за случајот „Монструм“ рече дека поврзаноста на петкратното убиство кај Смилковското езеро со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, е само теорија на заговор.

„Се лиферуваа и информации дека децата биле во блиски информации со синот и ќерката на Трајко Велјаноски со кои имале честа дружба и наводно тоа е причината дека истите биле ликвидирани. За вакво нешто до овој момент ниту беше предложен каков било доказ ниту произлегоа какви било индиции дека убиените деца се познавале со деца на висок функционер, уште помалку дека имало некакви долгови“, рече Фетаи.
Таа се надоврза и на сведочењето на премиерот Зоран Заев кој за овој случај рече: „Ако ме прашате дали имам какви било докази за инволвираност, не поседувам, ниту сум видел ниту пред мене се појавиле какви било докази, освен писанија во медиумите од квазиновинари“.

На 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, а во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите а на осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири ум беа определени мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This