ФЕЈЗБУК ГРУПАТА „ЛУЃЕ ЗА ЛУЃЕ“ ЈА ИЗРАДУВАЛА БАБА ЉУБА (88): „Благодарам, сега имам струја и машина против глувци!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добрите луѓе на баба Љуба и вградиле струја. На ѕидот на кујната и ставиле апарат кој би требало да и ги „истерува“ глодарите, а сега и вградуваат кнауф…


„Добро е, подобро е. Имам светло, нова печка, потопло е, да сум барем 20. години помлада и поздрава. Уште само апаратот да почне да делува. Ги слушам кога ќе викнат како кога коњи кинат штици, нагризуваат се’ што ќе стасаат, од нив не можам да живеам“, зборува така баба Љуба Обрадовиќ (88) од Доњи Класниќ кај Глина, Хрватска, покажувајќи на ултразвучниот апарат за бркање глодари поставен на ѕидот на кујната кои во неделата после вградувањето на соларниот панел и приклучоци кои и ги поставиле добри луѓе собрани на Фејсбук страницата „Луѓе за луѓе“ која, меѓу останатите ја води и заменичката градоначалник на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ. Тие минатата недела на баба Љуба и обезбедиле струја во куќата, дониран им е соларен панел и бабата после 58. години добила струја.
„Полесно е, не морам постојано да носам батерија и да палам ’петролејка’“, говори баба Љуба која во трошната стара дрвена куќа живее сама, без вода и струја. Десетина луѓе собрани околу групата „Луѓе за луѓе“ во неделата во кујната во која престојува баба Љуба ги средувале ѕидовите, вградиле нова печка на дрва и апарат за терање глодари, кои им ги донирале добри луѓе.

„На ѕидовите на кујната во која престојува Љуба и на надворешното ВЦ поставиле изолација со минерална волна и кнауф плочи.Го вклучивме апаратот за глодари, но донаторот ни рече дека апаратот почнува да делува дури после две – три недели. Ако не делува имаме уште еден, па ќе се обидеме тоа да го решиме бидејќи тие на баба Љуба и се најголем проблем. Преплашена е од нив и веќе ги разболела и нервите“, рекла Бранка Бакшиќ Митиќ.

И’ соседите ја посетуваат баба Љуба, и и’ помогнуваат да и донесат дрва, храна и вода, сопругата на починатиот внук но и волонтери на Црвен крст.
„Си страдам уште од детството, останав без свој род. Најтешко е да се биде сам, но овие глувциве ме излудуваат“, заклучила Љуба. Инаку на подот на кујната има земјан под но баба Љуба била истрајна во тоа дека не и треба ништо повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This