ФЕЈСБУК ЗАРАБОТУВА НА КРАДЕНИ ТЕКСТОВИ: Европските новински агенции ќе бараат Фејсбук да им плаќа за авторски права

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорите на 18 европски новински агенции потпишаа иницијатива за измена на Законот за авторските права, со цел интернет гигантите Фејсбук и Гугл да се обврзат да им платат дел од приходите на новинските агенции чија содржина ја користат бесплатно. Европскиот парламент на 12 септември, годинава, треба да се изјасни за ова барање, односно да го признае правото на издавачот, вклучувајќи ги и новинските агенции, интернет пребарувачите и веб-сајтовите да им платат за содржините што ги користат.

Како што се наведува во текстот на иницијативата, која е формулирана од Франс Прес, под наслов „Иднината на слободниот печат е во рацете на пратениците на ЕУ“, се наведува дека во ЕП во Стразбур за девет дена ќе се гласа за нацрт законот кој треба да придонесе за исправување на нерамнотежата кога станува збор за „интернет моќниците“ кои практично ги крадат содржините од печатените медиуми и новинските агенции за да остварат приходи од реклами.

Тоа е ситуација која ги уништува независните медиуми, се оценува во текстот на иницијативата.

На измената на законот јасно се спротивставуваат Фејсбук и Гугл, кои водат кампања базирани на лажна теорија дека станува збор за ограничување на слободниот пристап до Интернет.

Слободата на пристап, сепак, не се доведува во прашање, се наведува во иницијативата.

Имено, како објаснуваат европските новински агенции, Фејсбук и Гугл бесплатно користат огромно количество вести и прилози на печатени медиуми и агенции и привлекуваат се поголем број од огласувачите.

Тие така добиваат толку голем дел од рекламниот колач што воспоставуваат монопол, остварувајќи 80 отсто од приходите од рекламирање на интернет во 2017 година, со исклучок на Кина.

Според предложената измена на законот, тие ќе мора да делат дел од приходите со авторите на содржината. Во иницијативата на новинските агенции, се укажува на фактот дека постојниот закон датира од времето кога Гугл, Фејсбук, Јутјуб и смарт телефоните не постоеле. Како што се наведува, печатените медиуми и агенциите вложуваат големи пари во продукција на вести и нивните новинари, понекогаш со големи ризици, спроведуваат потфати за да добијат целосен и точен извештај. Тие мора да издвојат значајни средства за работа на интернет.

Бидејќи продажбата на весниците опаѓа, нивната единствена надеж е во приходите од интернет, меѓутоа таму на дело ги гледаат „големите играчи“ кои ги собираат плодовите на нивната работа бесплатно и ги лишуваат од приходите. Резултатат на тоа е ослабување на целата индустрија, како и драстичен пад на приходите од реклами во печатените медиуми…

Однесувањето на големите интернет играчи претставува опасност за потрошувачите и за демократијата. Дали титаните на интернет можат да обезбедат компензација за медиумите без да бараат од луѓето да плаќаат интернет, како што тие тврдат дека мораат? Одговорот е јасен – „да“. Фејсбук во 2017 година пријавил приходи од 40 милијарди долари, со профит од 16 милијарди долари, Гугл 110 милијарди приходи, од кои профит 12,7 милијарди и кој може да каже дека тие не се во можност чесно да плаќаат за содржините што ги користат. Во интерес на слободата на печатот во Европа, и зачувувањето на демократските принципи, пратениците во ЕП треба да ја истуркаат реформата, велат директорите на европските новински агенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This