ФЕЈСБУК ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕ СЕ ПРИЈАТЕЛИ: Судија во еден случај е ФБ пријател со адвокат во истиот случај не е доволно да се изземе судијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Си знаете и самите ама сега има и судска одлука за тоа. Контекстот е дилема дали адвокат и судија кои се Фејсбук пријатели, смеат да бидат ангажирани во ист судски случај.

Врховниот суд на Флорида донесе одлука за нешто што повеќето корисници на социјални мрежи веќе го знаат: Фејсбук пријателствата не се вистински.

Конкретно, дека тоа што судија во еден случај е ФБ пријател со адвокат во истиот случај не е доволно да се изземе судијата заради пристрасност. Судот додаде дека и реалното пријателство не може по автоматизам да биде третирано како дисквалификувачки фактор додека не се утврди самата природа на тоа пријателство.

Во образложението на одлуката има и интересни филозофски финеси.

„Вистинскиот пријател е лице кое со друго лице е поврзано со емоции, чувство на блискост и почит. Од друга страна, Фејсбук пријател е само лице кое дигитално е поврзано со друго лице на иста платформа и тоа објективно не е доказ дека меѓу нив постојат чувства, блискост или почит какви што има во реалните пријателства,“ запишал судијата Чарлс Кенеди.

Ваквата одлука судот ја поткрепил и со фактите дека човек ас Фејсбук може да има илјадници пријатели, дека е сосема можно на некои од нив да не може ни да се сети и дека тие релации некогаш се должат на алгоритмите на платформата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This