ФЕЈСБУК ЦЕНЗУРА НА #БОЈКОТИРАМ: Се бришат пораки и објави на Фејсбук со хаштагот #Бојкотирам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од социјалната мрежа Фејсбук од вчера се избришани стотици пораки со критики за владата, повици за бојкот и за штетноста на договорот со Грција, кои што ги напишале членови на интернет движењето #бојкотирам

Активисти на #бојкотирам обвинуваат дека пораките се бришат од страна на социјалната мрежа на Марк Закерберг откако нив ги пријавуваат луѓе координирани и платени од македонските власти.

Тие тврдат дека власта се плаши од масовноста и со бришење на постови да ја намали политичката штета.
Нивните сомнежи упатуваат на координирана акција на повеќе активисти кои по налог на луѓе од владиниот тим за комуникации и медиуми ја пријавуваат содржината на постовите со кои се повикува на бојкот како говор на омраза по што Фејсбук ги брише постовите.

Во Германија Фејсбук има вработено стотици луѓе кои што ги проверуваат спорните пријавени постови. Доколку пријавата (report) е неточна Фејсбук го враќа постот но за Македонија нема прецизна информација за процедурата со пријавените постови особено кога се работи за политичка позадина како во овие случаи со #бојкотирам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This